Дринска регата – најголемиот карневал на вода во Европа

drinska regata

Меѓу бројните фестивали што се одржуваат на реките во Србија, посебно се издвојува еден што го нарекуваат и „српски карневал во Рио“. Дали Дринската регата го добила тој епитет поради забавата, жешката атмосфера, шаренилата, музиката е најмалку важно. Се знае дека овде забавата е загарантирана.


Дринска регата 19 – 23 јули 2023 г.


Дринската регата во Бајина башта ги собира сите оние кои ја сакаат реката и весело друштво. Во поворка долга неколку километри од шарени гумени чамци и останати пловила, се ужива во пијалаци, храна и музика. Сепак, најмногу се ужива во атмосферата, во самото дружење, бидејќи овде се зацврстуваат старите и се создаваат нови пријателства, најчесто со екипажот од соседниот чамец.

drinska regata

Програмата на манифестацијата трае пет дена и тоа секогаш од среда до недела. Најпосетен ден е сабота, кога по традиција се одржува главниот настан, големото спуштање по Дрина. Останатите содржини од програмата на фестивалот се одржуваат или на Дрина или покрај неа, бидејќи тука без река не се може. Се одржуваат саеми на мед, ракија, сувенири и домашни изработки, натпревар во подготвување рибина чорба, како и концерти на народна и на поп-музика. Посебно доживување е да се гледаат скоковите од мостот во Дрина, каде што се натпреваруваат најхрабрите и најсмелите.

Иако секоја од програмите на фестивалот има свој шарм, големиот спуст не смее да се пропушти, бидејќи баш таа енергија од поворката на Дрина е она што секој учесник го носи дома како сувенир!

drinska regata