КОГА ЗАБРЗУВА ПУЛСОТ НА КОПАОНИК

kopaonik avantura

Копаоник е дестинација што не може да се прескокне. Тој е најголем планински масив во Србија каде што се наоѓа најголемиот скијачки центар. Ако сте љубител на активен одмор, многу снег во зима и зеленила во лето, појдете на скијање низ една од 36-те алпски ски-патеки или пробајте летна верзија на санкање. Знаете ли дека на Копаоник може да појдете на ноќен спуст? Ако е ведро, ќе ве дочека ѕвездено небо.


Летајте со параглајдер или спуштете се со longboard-даска


Љубителите на рафтинг сакаат да се вратат на реката Ибар, бидејќи пулсот им се покачува секој пат кога ќе се приближат до брзаците Грмчиќ и Јагњило. Во понудата на оваа планина спаѓа и јавањето. На коњ може да се стигне до сите познати видиковци до кои водат и пешачките патеки. Друга опција е возење велосипед. Дојдете да видите како изгледа вистински бајк-парк! Не морате да го носите велосипедот до врвот на патеката, бидејќи може да го закачите на жичарата.

kopaonik avantura planina

На Копаник се достапни разни видови адреналински спортови, па совршена содржина ќе си најдат и љубителите на полигони во паркот Авантура, теретана на чист воздух или боб на шини. Она што привлекува сѐ поголемо внимание е спуштањето низ падините на Копаоник на longboard-даска. Проверете зошто за т.н. downhill skateboarding ќе раскажувате со денови.

Копаоник беше првото место во Србија на кое беше отворен зип-лајн, а алпинистите едвај чекаат да фрлат поглед на Орлови стени. За да ја видите оваа планина на поинаков начин, која отвора многу можности за задоволување на различни афинитети, поставете си предизвик и полетајте со параглајдер. Конечно ќе ви се оствари сонот да уживате во поглед од птичја перспектива!

Највисоката точка на Копаоник е Панчиќев врв со 2017 метри чијшто назив не е случаен. Посетете го мавзолејот на познатиот српски ботаничар и дознајте нешто повеќе за неговиот живот.

Малкумина туристи знаат дека Копаоник го добил името по големото рудно богатство што се ископувало тука уште од средниот век. Денес претставува друг вид богатство во кое може да уживате само ако дојдете.

kopaonik avantura kvad